
Ал Хилал го промовираше „мајсторот за промашувања“ од Ливерпул! (ВИДЕО)
Симоне Инзаги го доби напаѓачот кој го посакуваше, Дарвин Нуњез од денеска и официјално е играч на Ал Хилал.
Уругваецот кога пристигна од Бенфика во Ливерпул важеше за голем талент, но во времето минато на Енфилд беше препознатлив по големиот број промашувања од чисти ситуации.
Ливерпул успеа да го продаде за солидна сума и да извади голем дел од вложените пари за него.
Нуњез се надева дека во Саудиска Арабија ќе си ја врати голгетерската форма која го красеше во Бенфика.