
Трет меч - трет пораз: Кадетите убедливо загубија од Полска!
Македонија загуби уште во првата четвртина, полската репрезентација првите 10 минути ги доби со 35-11 и веќе стана јасно дека единствено прашање на мечот ќе биде со која разлика ќе загубиме.
По убедливата предност, полските кошаркари ја тргнаа педалата од гас, па Македонија го доби вториот период со 20-19.
Во второто полувреме и двете селекции имаа по една четвртина, на крајот конечниот резултат гласеше 93-66.
Најефикасен во нашата селекција на овој меч беше Александар Сотир со 12 поени, по 10 постигнаа Марко Солев и Дион Шабани.
Ова беше трет пораз за македонските надежи во третиот меч на Европското првенство Б дивизија.
Следува ден одмор за Македонија, а потоа ги играме дуелите против БиХ на 11 август и ден подоцна со Словачка.