„Ѓоковиќ ме однесе на вечера со само три евра во џеб, а ни стигна сметка од 300“
Чилеанецот откри непозната приказна за јавноста, кога со Ѓоковиќ бил на вечера во Германија.
„Се сеќавам дека излеговме на вечера, а Ѓоковиќ имаше само три евра во џеб. Седнавме во ресторан во Германија и ми кажа дека ќе ме чести. Ме праша дали знам дека еден ден ќе биде најдобар тенисер во светот. Нарачавме храна,а на крајот стигна сметка од 300 евра. Го прашав како ќе платиме, а тој ми кажа да не се грижам и дека ќе ја плати сметката. Ѓоковиќ потоа ми кажа: Знаеш зошто ќе го урнам секој рекорд? За време на војната ги погребував моите пријатели од училиште. Знам како е да се издигнеш од сиромаштија“, открива Чилеанецот.