Не чекаше многу, Сон има нов клуб!

Легендата на Тотнем, Сон Хеунг Мин кариерата ја продолжува во САД во редовите на Лос Анџелес ФК, потврди клубот од МЛС лигата.

Сон пред три дена се збогуваше со лондонскиот клуб и во солзи го напушти натпреварот со Њукасл кој се играше во Сеул, а публиката го испрати со силни овации.

„Многу сум горд што се приклучувам на Лос Анџелес кој е клуб со големи амбиции. Станува збор за клуб со богата историја и тука сум да помогнам да испишуваме нова историја. Возбуден сум за овој нов период. Доаѓам тука за да освојувам трофеи и да дадам се од себе за овој клуб, градот и навивачите. Со нетрпение чекам да излезам на теренот“, изјави Сон.

Сон го напушти Тотнем по цели десет години во кои постигна 173 голови во сите натпреварувања и додаде 101 асистенција, а во сезоната 2021/2022 стигна и до „Златната копачка“ во Премиер лигата.

Фото: Tottenham Hotspur/X