
Уапсен навивач на Шкендија - предизвикувал нетрпеливост низ Скопје
Навивачот на тетовската екипа на мотоциклот истакнал симбол кој предизвикува национална, версна и расна омраза, по што полициски службеници го уапсиле.
„На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
Дуелот меѓу Шкендија и Карабах го одбележаа и скандирања во второто полувреме за Голема Албанија, Чемерија, Илирида, по што МВР го осуди потегот и најави дека ќе бидат преземени мерки.
ФОТО: FB / TIFO Network