Руско-американско финале во Торонто

Карен Хачанов и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Мастерсот во Торонто откако ноќеска остварија победи против Александер Зверев и Тејлор Фриц.

Хачанов го победи Зверев во три сета (6-3, 4-6, 7-6) во меч кој траеше безмалку три часа. Русинот дојде до победата и покрај тоа што имаше проблеми со сервисот кој обично е негово најсолно оружје. Погоди само 60% од првиот сервис имаше едвај пет аса, осум помалку од противникот. Двајцата тенисери освоија само по еден брејк, но интересно е тоа што од вкупно 11 поени во тај-брејкот, дури седум беа освоени на сервис на противникот.

Шелтон изненадувачки лесно го совлада својот сонародник Тејлор Фриц со 2-0 (6-4, 6-2) за 79 минути игра. Освои три брејка од десет шанси, но доминираше на својот сервис од кој освои дури 86% од поените во кои го погоди првиот сервис (25/29).

Финалето се игра вечерва, во 1:30 по полноќ, Хачанов ќе се бори за својот втор, а Шелтон за првиот Мастерс трофеј во кариерата.