Ѓорческа ја декласира Паганети и обезбеди четвртфинале во Куршумлијска Бања

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја декласира Италијанката Виторија Паганети со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.

Ѓорческа имаше лош почеток на мечот и Паганети направи брејк за да поведе со 3-1, но веднаш македонската тенисерка го возврати ударот и набрзо со два брејка направи целосен пресврт (6-3).

Италијанката го загуби првиот гем на свој сервис во вториот сет (0-2), по што Паганети успеа да се возврати и израмни на 2-2. Ѓорческа, сепак, во продолжение ја презема контролата и славеше со 6-4.

Ѓорческа ќе се соочи против Ксенија Зајцева во четвртфинале на турнирот во Србија.