Ју-Ес Опен ќе ја додели најголемата награда во историјата на тенисот

Раководството на Ју-Ес Опен објави дека наградниот фонд оваа сезона за победниците во сингл-конкуренција ќе биде пет милиони долари, а тоа е најголемиот фонд во историјата на тенисот.

Оваа сума ќе биде драстично зголемена во однос на минатата година, кога Арина Сабаленка и Јаник Синер добија по 3,6 милиони долари.

Вкупниот награден фонд на турнирот ќе изнесува 90 милиони долари, додека финалистите ќе добијат по 2,5 милиони, а победниците во двојки и мешани двојки по милион долари.

Фото: X/US Open Tennis