Веќе нема дилеми: Договорен трансферот на Шешко, потпишува до 2030 година!

Една од најголемите трансфер сапуници летово го добива својот крај, Бенџамин Шешко се сели во Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ успеале да го договорат трансферот на голгетерот на Лајпциг и за неговите услуги ќе платат сума од 76.5 милиони евра, плус 8.5 кои ќе бидат исплатени преку бонуси.

Исто така познато е и дека Шешко ќе стави потпис на договор до 2030 година.

Во игра во последен момент за неговиот потпис влезе Њукасл, но сепак пресуди желбата на напаѓачот да се пресели на „Олд Трафорд“.

Претходно во текот на летото и Арсенал се споменуваше како опција, но „топџиите“ на крајот го доведоа Ѓокереш од Спортинг.