Шешко од почеток знаел што сака, одбил и повеќе пари поради Јунајтед

Трансфер сагата со Бенџамин Шешко го доби својот крај и напаѓачот ќе се пресели во Манчестер јунајтед, а за да се реализира трансферот пресудна била неговата желба.

Во последните денови сериозно во игра за потписот на Шешко влезе и Њукасл, меѓутоа Шешко не сакал да слушне за друг клуб освен гигантот од Манчестер.

Со Манчестер јунајтед ќе потпише договор до 2030 година, неговата плата не се открива, но медиумите на Островот откриваат дека истата била пониска од онаа што му била понудена на „Сент Џејмс Парк“. За Шешко парите не биле важни, затоа што сакал да го облече десот на Јунајтед.

Според најавите уште вечерва тој ќе пристигне во Манчестер, додека утре се очекува да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.

Манчестер јунајтед за неговите услуги ќе плати сума од 76.5 милиони евра, плус 8.5 кои ќе бидат исплатени преку бонуси.

Фото: RB Leipzig/X