
Бугарија е освојувач на трофејот „Чајка“, Македонија без победа
Во последниот меч, Бугарите ја победија Македонија со 3-0 (25-20, 28-26, 25-23) и заедно со вчерашниот триумф против Швајцарија (3-1) дојдоа до трофејот. Сите три сета беа тесни и малку недостасуваше да завршат во корист на нашата селекција.
Во македонската репрезентација, Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 15 поени, Савовски додаде 13, а Љафтов заврши со 7. За МВП на турнирот беше прогласен бугарскиот репрезентативец Христијан Димитров кој денеска постигна 16 поени.
Македонија го заврши турнирот без победа откако во првото коло загуби и од Швајцарија со 1-3. Со ова завршија и контролните натпревари за нашата репрезентација, следен предизвик е дуелот со Грција на 13 август на гости и против Грузија на домашен терен четири дена подоцна, во квалификациите за Европското првенство.