Шешко пристигна на медицински прегледи пред потписот со Јунајтед (ВИДЕО)

Словенечкиот репрезентативец Бенјамин Шешко доцна попладнево пристигна во Манчестер каде треба да ја продолжи својата кариера.

Робусниот напаѓач постигна договор со Јунајтед, двата клуба исто така се договорија и Шешко треба во текот на утрешниот ден да ги помине лекарските прегледи и да биде претставен како нов играч на „ѓаволите“.

Словенецот доаѓа од Лајпциг каде играше претходните две сезони и се промовира во еден од најдобрите напаѓачи во европскиот фудбал.