Сопругата на Шумахер ја шокираше јавноста: Не го менувам презимето, ми носи пари!

Семејната драма помеѓу Ралф Шумахер, помладиот брат на Михаел Шумахер и неговата поранешна сопруга Кора и понатаму понекогаш е тема за медиумите, иако се разведени уште од 2015 година.

Парот беше во брак од 2001 година и заедно го добија синот Давид кој се натпреварува во мото-спортот.

Во првите години по разводот Ралф и Кора имаа нормален однос, но тоа се промени откако тој призна дека бил во врска со маж. Тоа според медиумите предизвикало тензија помеѓу поранешните партнери и Кора целосно се дистанцирала од Ралф.

„Да знааев каков е никогаш не би се омажила за него. Не би ги потрошила со таков човек моите најдобри години, колку и пари тој да има“, изјави Кора за германските медиуми.

Сепак, таа и понатаму го носи неговото презиме и нема намера да го промени.

„Зошто да го направам тоа? Би било наавистина глупаво. Презимето Шумахер ми носи заработка“, отворено призна Кора.

По разводот таа се посвети на сопствен бизнис и во медиумските настапи често пати знае да ја искористи препознатливоста на славното презиме.

Фото: EPA