
Контроверзен потег на Синер: Го врати во тимот човекот поради кој беше суспендиран!
Ќе потсетиме, Синер беше суспендиран поради допинг и надвор од терените помина три месеци, а потоа се врати и настапи на Ролан Гарос и Вимблдон, но претходно ги отпушти споменатиот Фераро и Џакомо Налди.
Синер тогаш изјави дека по скандалот „не се чувствува сигурно“. Сепак, сега одлучи да го вати Фераро и тоа привлече внимание затоа што токму тој беше човекот што ја купил кремата за повреди која ја содржела недозволената суспстанца.
Новинарите го прашаа и за директен коментар, меѓутоа Синер не беше премногу расположен да зборува на оваа тема.
„Мислам дека се што имавме да кажеме, кажавме во соопштението. Немам што да додадам“, кратко порача Италијанецот.
Медиумите по ваквиот потег на Синер го поставуваат прашањето зошто италијанскиот ас одлучил да го врати Фераро кого и самиот го означи како виновник претходно.
Фото: EPA