
Поранешен голман заврши во затвор – 106 пати позајмил пари, ниту еднаш не ги вратил!
Голманот кој во каиерата собра дури 534 настапи за Борусија Дортмунд, Штутгарт и Манчестер сити, како и 19 за репрезентацијата се најде во центарот откако било откриено дека 106 пати позајмил пари и ниту еднаш не ги вратил.
Тој на најразлични начини ги измамувал жртвите од кои успевал да извлече пари, а потоа истите не им ги враќал. Но, исто така бил вмешан и во скандал со продавање на непостоечки влезници за Европското првенство во 2024 година.
Помеѓу измамените била и партнерката на Андреас Бреме, легендата на германскот фудбал и стрелецот на голот во финалето на Светското првенство во 1990 година со кој Западна Германија стигна до титулта.Од нејзе успеал да извлече над 18.000 евра.
За измамите зборуваше и сега починатиот Бреме пред три години.
„Бараше пари повеќе пати, се собраа околу 20.000 евра. Ветуваше дека ќе ги врати, но тоа никогаш не се случи“, зборуваше Бреме.
Фото: EPA