
Бизарно: Хрватски голман доби отказ поради Инстаграм
Имено, Недиќ требаше да биде на голот против Динамо утре од 21:00 часот бидејќи првиот чувар на мрежата Антонио Ѓаковиќ е повреден.
Но, место да се подготвува за натпреварот против еден од најголемите хрватски клубови, тој се соочи со отказ. Причина за отказот е тоа што било забележано дека на Инстраграм следел „четнички страни“.
„Вуковар сето тоа го проверил и одлучи да го раскине договорот со голманот кој неодамна дебитираше на големата сцена“, пишуваат медиумите.
Недиќ е роден во Вуковар, а според останатите активности на социјалните мрежи, тој е фан на Црвена Звезда.
„ХНК Вуковар 1991 сака да ја извести јавноста дека веднаш по дознавањето за постапките кои не се во склад со нашите стандарди договорот со голманот, Срѓан Недиќ е раскинат“, стои меѓу другото во соопштението од клубот.