
„Подготвени сме за Вардар – во Скопје доаѓаме по три бода“
Пред натпреварот фудбалерот од средниот на битолскиот состав, Јорданчо Наумоски ги изнесе своите очекувања.
,,Максимално сме подготвени за гостувањето во Скопје. Имаме максимален респект за Вардар, екипа составена од одлични фудбалери и одличен тренер, но сите знаеме каква тежина има ова македонско дерби. Се надеваме дека трите бода ќе ги донесеме во Битола и ќе славиме со нашите навивачи, кои ќе нè бодрат во Скопје."
Дефанзивецот Филип Бишковски верува дека ако ги исполнат барањата на стручниот штаб, можат до победа во Скопје.
,,Спремни сме за почетокот на сезоната и за дербито со Вардар. Сите знаеме каков натпревар ни следи и атмосферата во нашата соблекувална е одлична. Со нетрпение го чекаме натпреварот, го респектираме противникот, но цел ни е да ги донесеме бодовите во Битола. Тоа би бил добар почеток за нас и за нашите навивачи „Чкембари“. Со добра игра и исполнување на задачите од стручниот штаб можеме да ја исполниме целта."
Натпреварот се игра во терминот од 20:00 часот на арената „Тодор Порески“, претходно од 17:00 часот сезоната треба да биде отворена со средбата помеѓу Шкендија и Шкупи.