Кошаркарка сред натпревар беше погодена со - играчка за возрасни! (ВИДЕО)

На неколку натпревари од женската НБА-лига беа забележани необични инциденти во кои од трибините беа фрлани различни предмети, односно играчки за возрасни.

Првиот ваков случај беше забележан на дуелот меѓу Атланта и Голден Стејт, кога од трибините навивач фрлил предмет кој привлече големо внимание, а три дена подоцна се случи идентичен инцидент на дуелот меѓу Чикаго и Голден Стејт.

Најновиот инцидент беше забележан во Лос Анџелес, каде што домашниот тим се соочи со Индијана, а на крајот на втората четвртина Софи Канингем беше погодена со играчка за возрасни.