
Кристијан Николов останува во турската Втора лига, но ќе игра за друг клуб!
Тој од таборот на Академијата на Џеди Осман се сели во редовите на Газијантеп, со кого потпиша договор на една сезона. Оваа екипа регуларниот дел од минатата сезона ја заврши на седмото место, но не успеа да се пласира во Првата лига, откако беше елиминиран во четвртфиналето од плејофот.
За 28-годишниот плејмејкер ова ќе биде уште една станица во низата турски клубови во кои има настапувано. Досега ги носеше дресовите на Галатасарај, Јешилгиресун, Трабзон, Беледије, Петким, Коња и Капакли, а има играно за Работнички и МЗТ Скопје.