
Хрватска легенда пред потпис со клуб од Србија кој не е Партизан или Звезда!
Информациите велат дека постои реална можност трансферот да биде финализиран во наредните денови, а веста доаѓа непосредно откако Адем Љајиќ, досегашната прва ѕвезда на клубот, се подготвува за преселба во редовите на Сараево. Перишиќ има активен договор со ПСВ Ајндховен до 2027 година, но медиумите од северното соседство тврдат дека можноста за трансфер не е исклучена. Тој минатата сезона имаше извонреден учинок во Ередивизие, со девет голови и девет асистенции.
Хрватот во својата кариера настапуваше за европски гиганти како Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Интер и Тотенхем, а кратко играше и за Хајдук Сплит. За хрватската репрезентација одигра 144 натпревари и постигна 36 голови, учествувајќи во освојувањето на среброто на Мундијалот во Русија во 2018 година.
ФОТО: EPA PHOTO