
Тениската сензација од Конго стигна до финалето на мастерсот во Монтреал!
Јапонката, која е четирикратна гренслем-шампионка, обезбеди пласман во своето осмо финале во кариерата откако во полуфиналето ја совлада 19. тенисерка на светот, Клара Таусон од Данска (6-2, 7-6). Нејзина ривалка ќе биде само 18-годишната Мбоко, која направи уште една голема сензација со триумфот против 12. носителка Елена Рибакина. И покрај лошиот старт и загубениот прв сет со 1-6, младата Канаѓанка успеа да направи пресврт и да победи со 7-5, 7-6.
Мбоко, која на почетокот од годината беше рангирана на 333. место, сега како 85. на светот ќе го одигра своето прво ВТА финале во кариерата. Во мечот против Рибакина, таа двапати направи брејк кога противничката сервираше за меч и успеа да спаси една меч-топка. Финалната пресметка ја избори со доминантен тај-брејк кој го доби со 7-4.
Турнирот во Монтреал се игра за вкупен награден фонд од 5.2 милиони американски долари.