Шок во Лондон: Ѕвезда на Тотнем ги скина лигаментите - ќе паузира седум месеци!

Тотнем пред почетокот на новата сезона доби катастрофални вести затоа што еден од најдобрите фудбалери, Џејмс Медисон доживеа тешка повреда поради која ќе паузира долг период.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Медисон ги скинал вкрстените лигаменти на коленото, поради што го чека пауза до седум месеци.

Лондонскиот тим потврди дека Медисон се повредил против Њукасл, па поради тоа ќе оди на операција на десното колено.

Англичанецот пристигна во Лондон во 2023 година, откако претходно пет сезони играше за Лестер сити.

Фото: Facebook/Tottenham Hotspur