
Барселона го понижи Тер Штеген, Лапорта не сака да слушне за него!
Барселона му ја одзема капитенската лента на Тер Штеген, а управата почна и дисциплинска постапка против Германецот.
„Претседателот на Барселона, Лапорта не сака да слушне повеќе за Тер Штеген. Односите се целосно нарушени“, објави „Рац1“.
Тер Штеген од 2014 година го носи дресот на Каталонците, откако претходно играше за Борусија Менхенгладбах.