
Палестина тагува по херојот: Израелците го убија нашиот Пеле!
Според официјалните информации, 41-годишниот Ал-Обеид бил убиен додека чекал хуманитарна помош во јужниот дел на Газа, а сојузот го опиша нападот како – брутален. Тој зад себе остави пет деца. Во текот на својата кариера беше еден од најистакнатите палестински напаѓачи, со над 100 постигнати голови. Меѓу нив имаше и клучни погодоци за репрезентацијата на Палестина на меѓународната сцена.
Со неговата смрт, вкупниот број на жртви поврзани со фудбалот од почетокот на конфликтот, според податоците на Фудбалскиот сојуз на Палестина, достигна 321 лица – меѓу кои има играчи, тренери, судии, административци и членови на управата.