
На Арената се скандира за Голема Албанија, за Илирида и Чемерија! (ВИДЕО)
Не само навивачката група на Шкендија „Балисти“, Илирида на цел глас се слушаше од речиси сите присутни на стадионот во Скопје.
Ова е нешто вообичаено на натпреварите на Шкендија, но по денешните апели да не се разгорува национализмот, некои очекуваа дека навивањето ќе биде спортско, а тоа не се случи.
На потег е Министерството за внатрешни работи кое соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија и Романија во Куманово.