
Меси го нема, ама блесна Суарез и го однесе Интер Мајами во четвртфиналето (ВИДЕО)
Тимот од Флорида го освои второто место во својата група која е составена од екипи од САД и го очекува ривалот во четвртфиналето. Ноќешниот триумф има дополнително значење бидејќи е остварен без првата ѕвезда во тимот Лионел Меси кој се повреди на претходниот меч и ќе отсуствува околу три недели.
Во негово отсуство, одговорноста во нападот ја презеде Луис Суарез кој постигна еден и асистираше за два гола на Интер Мајами. Гостите поведоа преку Рувалкаба во 34. минута, но на истекот на првото полувреме Суарез асистираше до Де Пол кој израмни на 1-1. Уругваецот во 59. минуга го доведе Интер Мајами во водство со „паненка“ од белата точка, а десетина минути подоцна му овозможи на Аљенде да го постави конечниот резултат.
Од лигата од САД досега се познати два тима кои ќе играат во четвртфиналето - Сиетл и Интер Мајами, а шанса да им се приклучат имаат Лос Анџелес Галакси и Синсинати кои своите натпревари ги играат вечерва.