Сон го живее својот сон - стана најскап фудбалер во историјата на МЛС

Иако во американската лига играа(т) мега ѕвезди како Лионел Меси, Златан Ибрахимовиќ, Дејвид Бекам, Луис Суарез... од синоќа најскап фудбалер во историјата на ова натпреварување е корејскиот интернационалец Хјонг Мин Сонг.

По точно една деценија, тој го напушти Тотнем и за 23 милиони евра се пресели во тимот на Лос Анџелес. Со тоа го собори досегашниот рекорд на Емануел Лате Лат кој во 2023 година од Мидлсброу се пресели за 21,5 милиони евра.

„Што да кажам, ми се оствари сонот. Каков град... Дојдов овде да победувам и да покажам нешто возбудливо“, порача Сон кого на промоцијата го поздравија десетици Корејци кои живеат во Лос Анџелес.

Тој потпиша договор до 2027 година, со можност за продолжување на соработката на уште две сезони. Деби настапот најверојатно ќе го забележи претстојниот викенд против Чикаго Фајр, а соиграч во Лос Анџелес ќе му биде поранешниот колега од Тотнем, Уго Љорис. За десет години во тимот на Спарс, Сон постигна 173 гола и 101 асистенција, а во 2022 година беше најдобар стрелец во Премиер лигата, заедно со Мохамед Салах, со 23 гола.