
Ѓоковиќ во Њујорк ќе ја брка 25. гренслем титула, но и најголемата награда во историјата на тенисот!
Ова претставува зголемување од 20-отсто во однос на минатогодишниот фонд од 75 милиони долари. Победниците во машка и женска сингл-конкуренција ќе добијат по 5 милиони долари, што е рекорден износ во историјата на тенисот и раст од 40-отсто во споредба со минатогодишните 3,6 милиони. Ова значи дека Новак Ѓоковиќ освен што ќе ја брка јубилејната 25. гренслем титула, на собирот во Њујорк ќе се обиде да дојде и до најголемата награда во историјата на тенисот.
Финалистите ќе заработат по 2,5 милиони долари, додека полуфиналистите ќе добијат 1,26 милиони, четвртфиналистите 660.000, а оние кои ќе стигнат до осминафиналето ќе добијат по 400.000 долари. Сите категории бележат двоцифрен пораст во однос на 2024 година. Во игра на двојки, фондот е зголемен за 23-отсто, достигнувајќи 4,78 милиони долари. За првпат, победничките двојки во машкиот, женскиот и мешаниот дубл ќе освојат по 1 милион долари.
Раст има и кај квалификациите, каде што фондот сега изнесува 8 милиони долари, што е 10-отсто повеќе од минатата година. Покрај наградите, организаторите предвидуваат и дополнителна поддршка за сите учесници – патни трошоци од 1.000 долари по играч, сместување во две хотелски соби или дневна надомест од 600 долари за оние кои изберат алтернатива. За оваа цел се издвоени 5 милиони долари. Дополнително, секој играч ќе има право на бесплатно средување до пет рекети по рунда, што е дел од целокупната логистика што ја нуди турнирот.
ФОТО: EPA PHOTO