Од хулиган до претседател: Карол Навроцки е страсен навивач на Лехија Гдањск!

Карол Навроцки официјално стана претседател на Полска, но зад себе има бурно минато затоа што е поранешен хулиган и страсен навивач на Лехија Гдањск.

Навроцки, кој има минато поврзано со навивачки групи, беше и дел од познатата пресметка „70 на 70“ меѓу навивачите на Лехија Гдањск и Лех Позњан во 2009 година.

Поради големиот број контроверзи со кои се поврзува, имаше поделени мислења во јавноста, меѓутоа и покрај тоа Навроцки ја има поддршката од голем број луѓе во Полска.

Навроцки вчера официјално даде заклетва пред парламентот и официјално ја презема претседателската функција во Полска.