Мурињо очајно сака да се врати во Реал, но друг тренер станува фаворит!

Според шпанските медиуми, Жозе Мурињо ептен сака да се врати на голема сцена и да води тим кој е конкурентен за трофејот од Лигата на шампионите, но сега друг тренер е фаворит за тренерското столче во Реал Мадрид.

Наводно, Мурињо и самиот му се понудил на Реал Мадрид, Португалецот очајно сака да води гигант со кој ќе може да ги освојува најголемите трофеи.

Но, последните информации велат дека сега Јирген Клоп е главниот кандидат за нов тренер на Реал Мадрид.

Еден од оние кои се залага за Клоп да го преземе кормилото е Тони Крос кој треба да добие директорска позиција во Реал Мадрид.

Германецот почнува сериозно да размислува да се врати на тренерската работа и да ја прифати понудата од Реал Мадрид.

Трет кандидат е Дидие Дешан кој ќе биде слободен по завршувањето на Светското првенство.