Нови маки за Формула 1, може да се откаже и трета трка по ред!
Временските услови кои се најавуваат за престојниот викенд во Мајами се причината поради која се загрижени навивачите, возачите, тимовите и организаторот.
По принудната пауза на сезоната фановите се надеваа дека конечно ќе видат трка од Формула 1, но сега се пишува дека и таа е неизвесна.
Најавени се временски неприлики воФЛорида за време на викендот, обилен дожд, силни грмежи, големо невреме.
Главната причина за загриженост е најавениот интензитет на дожд поради кои нема да може да полета медицинскиот хеликоптер кој е еден од гарантите за зголемување на безбедноста на трката.
ФИА строго се придржува до правилата и нема да ризикува со одржување на трката доколку на располагање не може да го има и хеликоптерот за итна помош без разлика што тој ретко се употребува.
Фановите се надеваат дека ова црно сценарио нема да се оствари и трка во Мајами ќе има.