Вардар ги пушти билетите во продажба за македонското „Ел Класико“

Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе почне на 8 август, а во првото коло ќе се соочат големите ривали Вардар и Пелистер од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Вардар веќе ги пушти во продажба билетите за македонското „Ел Класико“ кое се игра за неколку дена, а истите може да се купат преку „МкТикетс“ по цена од 300 денари за билет.

Вечните ривали ќе се соочат в петок од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Распоред за 1. коло во ПМФЛ:

петок, 8. август

Шкендија – Шкупи | 17:00 | градски стадион, Тетово

Вардар – Пелистер | 20:00 | Национална арена „Тодор Проески“, Скопје

сабота, 9. август

Башкими – Аресими | 17:30 | стадион Башкими, Куманово

Струга – Македонија ЃП 1932 | 17:30 | Стадион Караорман, Струга

недела, 10. август

Тиквеш – Работнички | 17:30 | градски стадион, Кавадарци

понеделник, 11. август

Силекс – АП Брера |17:30 | стадион Силекс, Кратово