Шкендија доби ново засилување: Белица по 11 години се врати во Тетово

Македонскиот шампион Шкендија промовира уште едно засилување пред предизвиците во Првата лига и Конференциската лига на УЕФА, а тоа е искусниот дефанзивец Езгон Белица.

Белица доаѓа во тетовскиот тим од Работнички, па така повторно ќе го носи дресот на Шкендија, каде што играше и пред 11 години.

Дефанзивецот во кариерата играше и за Интер Турку, Рига, Партизани Тирана, Приштина и Работнички.

Фото: Facebook/KF Shkëndija