Интер се засили со дефанзивец од Манчестер, ќе плати два милиони за позајмица!

Поранешниот италијански шампион Интер се договори со Манчестер сити за дефанзивецот Мануел Аканџи, кој ќе ја продолжи кариерата во Милано.

Аканџи доаѓа во Интер на едногодишна позајмица, за која калчолигашот ќе плати два милиони евра, а доколку сака да го откупи неговиот договор ќе треба да доплати 15 милиони евра.

Новинарот Фабрицио Романо ги објави деталите и посочи дека трансферот може да се реализира само доколку бидат остварени одредени услови кои ги имаат двете екипи во договорот.