
Турција ја декласира Естонија и се „загреа“ за дербито со Србија
Големата победа на Турција беше најавена уште во првото полувреме, откако го доби со 46-27, по што во второто полувреме без поголеми проблеми го одбрани водството за убедлив триумф.
Шенѓун беше најефикасен кај Турција со 21 поен, додека Османи запиша 14 поени и 10 скокови во победата.
Турција е на врвот во својата група на Евробаскетот со четири победи, па до крајот на оваа фаза им останува само пресметката со Србија.
Фото: FIBA.BASKETBALL