„Елиф е горд што повторно е еден од нас“

Како и што се очекуваше екипата на Напол го потврди ангажманот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас за кого ова е враќање во градот каде што помина убав период.

Елмас претходно го носеше дресот на Наполи од 2019 до 2024 година, а си замина во потрага по поголема минутажа, сепак не ја доби во Лајпциг.

Во Наполи се враќа по солидната полусезона која ја имаше како позајмен фудбалер од Лајпциг во Торино.

„Елиф е горд што повторно е еден од нас“, стои во објавата на клубот од Неапол.

Вкупно во Серија А, Елмас зад себе има 156 настапи во кои постигна 18 гола и подели 19 асистенции.

Наполи има право да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната, но не станува збор за обврска откуп, па така постои опција да се врати во Германија.