Шок: Баер Леверкузен го избрка Тен Хаг!

Поранешниот германски шампион Баер Леверкузен реши да се раздели со тренерот Ерик Тен Хаг по лошите резултати на стартот на сезоната.

Тен Хаг добиваше жестоки критики поради играта на неговата екипа, па издржа само два меча во Бундеслигата.

Леверкузен по два одиграни меча во Германија има освоено само еден бод, па „фармацевтите“ решија веднаш да ја прекинат соработката со Холанѓанецот.