Манчестер јунајтед си купи нов голман за 21 милион евра (ФОТО)

Англискиот гигант Манчестер јунајтед конечно ќе го реши прашањето за нов голман, откако Андре Онана и Алтај Бајиндир разочараа со нивните настапи.

Тренерот Рубен Аморим имаше две желби, односно „црвените ѓаволи“ преговараа со Сене Ламенс и Емилијано Мартинез, меѓутоа на крајот постигнаа договор со белгискиот чувар на мрежата.

„Ѓаволите“ за услугите на Ламенс ќе платат 21 милион евра плус бонуси, додека Мартинез ќе мора да си бара друго решение за иднината зашто Астон вила повеќе не смета на него.