Вардар потпиша уште двајца фудбалери од Африка!

Екипата на Вардар се засили со двајца нови интернационалци од Уганда – напаѓачот Фахад Азиз Бајо и дефанзивецот Муса Раматан.

Двајцата фудбалери веќе пристигнаа во Скопје и му се приклучија на тимот, со што раководството најави борба за врвот во тековната сезона. Бајо има 27 години и во својата кариера настапувал за чешки Вишков, како и за израелските клубови Ашдод и Бнеи Сакнин. Неговиот сонародник Раматан е 23-годишен стопер со искуство во американскиот Синсинати 2, чешкиот Вишков и етиопскиот Волвало Адиграт Универзитет, каде што ја мина последната полусезона.

И двајцата се репрезентативци на Уганда и доаѓаат како соиграчи на веќе афирмираниот играч на Вардар, Роџерс Мато.