Нов скандал во Шпанија: Судијата ја „почестил“ Барселона со пенал (ВИДЕО)

Барселона одигра 1-1 против Рајо Валјекано во Ла Лига, но ситуацијата од првото полувреме кога беше досуден пенал врз Ламин Јамал предизвика бура од реакции во Шпанија.

Причина е проблемот во ВАР-системот, кој не можеше да реагира, па судијата покажа на белата точка.

По натпреварот, Паласон од Рајо кажа дека судијата им потврдил дека не постоел пенал врз Јамал.

„Судијата ни призна дека не беше пенал. Секогаш се случува истата работа против истиот тим“, кажа Паласон.