Крвта не е вода: Волкановски среде Австралија вртеше македонско оро како – девер (ВИДЕО)

Еден од најдобрите борци во мешани борешки вештини во последните години, Александар Волкановски, викендов беше вистински Македонец како својот татко, откако ја имаше улогата на девер на македонска свадба во Австралија.

УФЦ ѕвездата одлично се снајде со сите традиционални обичаи, па на рамото имаше шишенце со ракија за сватовите, а добар беше и во играњето оро во дворот на куќата на невестата.

Волкановски е роден во Австралија, од татко Македонец и мајка Гркинка.