Тен Хаг стана најбрзо отпуштениот тренер во историјата на Бундеслигата

Ерик Тен Хаг пристигна со големи амбиции во Баер Леверкузен, но од поранешниот германски шампион си заминува понижен по само две кола во Бундеслигата.

Тен Хаг притоа испиша и рекорд, кој дефинитивно никој не би го посакал. Холанѓанецот стана првиот тренер во историјата на Бундеслигата кој бил избркан за толку краток период.

Холанѓанецот го презема тимот од Леверкузен за време на летната пауза, па доби отказ по само две кола во германскиот шампионат.

Фото: Facebook/Bayer Leverkusen