Чурлинов добива нов предизвик, ќе игра за турски суперлигаш!?

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ниту во новата сезона нема да добие шанса во Барнли затоа што веќе била договорена негова преселба во турскиот суперлигаш Кочаелиспор.

Чурлинов наводно договорил двегодишен соработка со турската екипа и во текот на денот треба да биде промовиран како најново засилување.

Кочаелиспор по четири одиграни кола во турската Суперлига има само еден освоен бод.