MВП трка: Јокиќ веќе не е ниту втор!
По подолг период во кој на врвот беа Шеј Гилџус-Александер и Никола Јокиќ, во борбата за престижното признание се вклучи и младиот центар на Сан Антонио.
Како што објави официјалниот сајт на НБА, Вембанјама во последните недели ја крена формата на уште повисоко ниво и сериозно се вмеша во трката за наградата за најкорисен играч во лигата.
„Францускиот кошаркар блеска на двете страни од теренот. Освен што се наметна како еден од главните кандидати за наградата за најдобар дефанзивец во лигата, во моментов е и лидер во НБА по бројот на блокади. Во последните 11 натпревари има просек од дури 4,3 блокади, а во исто време врза и серија од седум натпревари со двоцифрен број скокови, при што неговиот рекорд во тој период изнесува 17 скокови“, се наведува во анализата.
Се додава дека и неговите офанзивни настапи привлекуваат големо внимание. Една од најдобрите натпревари сезонава го одигра на 5 март против Детроит Пистонс, кога постигна 38 поени, надополнети со 16 скокови и пет блокади. Само неколку дена подоцна доминираше и против Бостон со 39 поени и 11 скокови.
Доколку сите кандидати го исполнат условот од најмалку 65 одиграни натпревари, трката меѓу Вембанјама, Јокиќ и Гилџус-Александер би можела да биде една од најинтересните во последните неколку години.
https://t.co/wWGNmWnCY9’s updated MVP Ladder:
— NBACentral (@TheDunkCentral) March 13, 2026
1. Shai Gilgeous-Alexander
2. Victor Wembanyama
3. Nikola Jokić
4. Luka Dončić
5. Cade Cunningham
6. Donovan Mitchell
7. Jaylen Brown
8. Anthony Edwards
9. Kawhi Leonard
10. Jalen Johnson