Навивачите на Интер сонуваат за еден од најбараните фудбалери - Занети вечераше со него! (ФОТО)

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако објави фотографија од вечера со младиот Нико Паз од Комо, кој е еден од најбараните играчи во Европа.

Нико Паз е дамнешна желба на Интер, а навивачите се надеваат дека може да го добијат по последната објава на Хавиер Занети на социјалните мрежи.

Потпретседателот на „нероаѕурите“ вчера бил на вечера со фудбалерот на Комо, заедно со неговиот татко и уште една легенда на „црно-синиот“ дрес – Диего Милито.

Тимот на Кристијан Киву има потреба од креативец каков што е Аргентинецот, тоа особено се виде против Бодо/Глимт и Милан, но зделката воопшто не е лесна.

Реал Мадрид има опција да го врати Нико Паз во своите редови за 9 милиони евра ова лето, односно за 10 милиони евра летото во 2027 година.

Па за секоја продажба амин се чека и од „кралевите“, а со оглед на тоа дека половина Европа се интересира за Нико Паз, неговата цена е помеѓу 60 и 70 милиони евра.