
Репрезентативците се собраа пред дуелите против С. Арабија и Лихтенштајн (ФОТО)
Селекторот Благоја Милевски повика 26 фудбалери на собирот, а Македонија првиот меч го игра против Саудиска Арабија во Прага на 4 септември, додека четири дена подоцна ќе се соочи против Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство (СП).
Македонија по четири одиграни кола се наоѓа на првата позиција во групата со осум бодови.
Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија