Звезда продаде фудбалер во Премиер лигата и ја наполни касата

Екипата на Црвена Звезда покажа како се работи и со продажбата на младиот дефанзивец Вељко Милосвљевиќ во Бормут си обезбеди одлична заработка. 

Досегашниот стопер на српскиот шампион стави потпис на договор на пет години, а белградскиот гигант од него ќе инкасира 15 милиони евра.

„Многу сум среќен што пристигнувам во Бормут и со нетрпение чекам да ги запознаам соиграчите. Како дете сонував да играм во Премиер лигата, за мене ова е најдобрата лига во светот. Едвај чекам да работам и со Андони Ираола“, изјави 18-годишниот дефанзивец.

Во каиерата пред Звезда, Милосављевиќ настапуваше само уште за Графичар.