Не е само Исак: Ливерпул договори уште едно големо засилување

Освен трансферот на Исак кој е најголем во британскиот фудбал и трет најскап воопшто, Ливерпул во последниот ден од преодниот рок договори уште едно засилување.

Нова опција за тренерот Арне Слот ќе биде Марк Гуехи кој пристигнува од Кристал палас. За дефанзивниот фудбалер од средниот ред, Ливерпул ќе плати сума од 35 милиони фунти, но истака Палас си обезбеди и 10% од неговата следна продажба.

Кога е Гуехи во прашање, тој уште претходно прифати преселба на „Енфилд“ и чекаше само на договор помеѓу клубовите.