
Црна Гора ѝ пресуди на Шведска и има „меч-топка“ за осминафинале на ЕП
Црна Гора го доби првото полувреме со 40-34, меѓутоа Шведска се разигра во третата четвртина со што направи целосен пресврт (65-64).
Шведска не можеше да го одржи истото темпо и во последните 10 минути, каде што Црна Гора ја презема контролата и триумфира со 87-81.
Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Вучевиќ со 23 поени и 15 скокови, додека Пеле Ларсон запиша 28 поени за Шведска.
Црногорците во следното коло играат против најлошата селекција во нивната група, а тоа е Велика Британија.
Фото: fiba.basketball