ЖФК Љуботен го прегази и Пјуник за второ коло во квалификациите за ЛШ

Екипата на Љуботен славеше со убедлвии 4-0 против Пјуник во натпреварот кој денеска се играше на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ и така се пласираше во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион пласманот го обезбеди со триумфот на мини-турнирот кој се играше во Скопје, откако претходно го совладаа Рунавик од Фарски Острови со 4-1.

Најдобра на теренот денеска беше Хава Мустафа која ги постигна сите четири погодоци.

Во второто коло каде што стигнуваатт за првпат по три сезони учество во квалификациите ги чека натпревар против шведскиот шампион Росенгард na 27 aвгуст, а победникот ќе оди во финалето против подобриот од второто полуфинале помеѓу Сарајево и Ауд-Хеверли Левен.